Најдобрата храна за подобар сон
Повозрасните велат: „Добар сон е половина здравје“. И навистина е така, квалитетниот сон е една од најважните работи за квалитетен живот, добро здравје и убаво расположение во текот на денот.
Препорачано
„Пред спиење, најдобро е да јадете сложени јаглехидрати, протеини, овошје или зеленчук, а она што не се препорачува е да јадете многу слатки и да пиете газирани пијалоци“, нагласуваат експертите.
Овесот е најдобрата храна која ја препорачуваат експертите.
„Овесот содржи мелатонин и триптофан кои му помагаат на нашиот мозок да испраќа сигнали до остатокот од телото дека е време да заспиеме“, објасни еден експерт.
Триптофанот е многу важна аминокиселина затоа што му помага на организмот да создаде серотонин, кој, пак, ни помага да се опуштиме. Проблемите со спиењето дополнително се влошуваат ако се соочуваме со вознемиреност, па затоа треба да му помогнеме на телото да произведе што е можно повеќе серотонин.
Овошјето кое се препорачува за консумирање пред спиење е кивито, а добар избор се и црешите. Следни на листата се млекото и млечните производи.
Експертите издвоија и некои други намирници кои се добри за консумирање пред спиење: бадеми, ореви, чај од камилица, зелена салата, пченка, грозје, јагоди, домати, пиперки, печурки, ориз.


