Најдена причината за автоимуните заболувања – откриено и како ефективно тие да се лечат

Автоимуните болести се оние болести кои предизвикуваат нашиот имунолошки систем да реагира против ткивата на нашето тело, а освен што го вртат организамот во борба против самиот себеси, тие произведуваат и антитела кои ги напаѓаат ткивата. Иако се претпоставува дека такви болести отсекогаш постоеле, лекарите тврдат дека модерното време е „нивната ера“, а во последните дваесетина години тие се почести на светско ниво, објави хрватски „Експрес“.

Се проценува дека во Хрватска околу три до осум отсто од популацијата е болна од автоимуни болести, но веројатно таа бројка е значително повисока – околу 10 отсто. Во некои земји, меѓутоа, како во САД, се верува дека бројката е до 20 отсто.

Точната причина за зголемување на болните од овие болести е непозната, а некои истражувања укажуваат на нивна поврзаност со „седечкиот“ начин на живот, недостаток на витамин Д, исхрана со намалени вредности на нутритивност, таканаречени инфективни агенси како вирусите и бактериите кои може да бидат нивни поттикнувачи, како и стресот и одредена генетска предиспозиција на луѓето. Жените двојно почесто заболуваат од автоимуни болести, иако ниту за тоа не е позната причината.

Светло на крајот од тунелот

Сепак, постои причина за оптимизам, тврди тим на истражувачи од Универзитетот Јеил, кој можеби ја откри темелната причина за појавувањето на автоимуните болести, како и ветувачки методи за нивно лечење, пишува „IFL Science“.

Истражувањето објавено во списанието Science ги поврзува автоимуните реакции на бактерија во цревата на латински наречена Enterococcus gallinarum. Автоимуниот одговор, велат, може да започне кога бактеријата спонтано преоѓа од цревата во другите органи во телото, како слезената, црниот дроб и линфните јазли.

Автоимуните болести се хронична состојба предизвикана од сопствените клетки на заболениот, кои погрешно веруваат дека телото е загрозено и реагираат напаѓајќи ги здравите ткива. Лупусот, реуматскиот артритис и Хашимотовиот тироидитис се само три од преку стотина состојби кои влегуваат во оваа категорија. Сега на нив може да им се додаде и долгата листа на болести поврзани со бактериите од цревата.

Во студијата, научниците преку генетски инженеринг создале глувчиња кои се чувствителни на автоимуни болести. Потоа, анализирале бактерии од нивните црева за ги идентификуваат оние кои предизвикуваат воспалените или биле вклучени во произведување на антитела за кои се знаат дека поттикнуват автоимуни одговори. Главен „кривец“ била бактеријата Enterococcus gallinarum.

Резултатите се потврдени кога се споредувани највозрасните клетки од црниот дроб на здравите луѓе со оние луѓе кои имаат автоимуни болести и пронашле трагови на Enterococcus gallinarum во другата група.

Во целата работа, како што пишува „Експрес“, највозбудлив е фактот што тие развиле ефективни начини за намалување на автоимуните симптоми. Користење на антибиотици или вакцини ги смалиле симптомите со сузбивање на растот на Enterococcus gallinaruma.

Тие се надеваат дека ова истражување може да развие успешни можност за лечење на одредени автоимуни болести, вклучувајќи автоимуни болести на црниот дроб и лупусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот