Најчудните миленичиња на ѕвездите, од прасињата на Клуни и Сајрус до козата на Ловато и кобрите на Кејџ

Многу од најпознатите лица од уметничкиот свет и шоубизнисот се ексцентрични, како во јавниот, така и во приватниот живот. Нивната ексцентричност се огледува и во изборот на домашните миленици. Еве краток список со најчудните миленичиња на ѕвездите.

Прасето Макс на Џорџ Клуни и прасето Буба Сју на Мајли Сајрус

Неговото име беше Макс и беше миленик на глумецот Џорџ Клуни. Гласините раскажуваа за тоа како славниот американски актер бил скршен од загубата на прасето кое починал во 2006 година, и за неговата љубов и приврзаност кон него.

фејсбук

Дека Мајли Сајрус е екстравагантна одамна е познато, со оглед на нејзините настапи на сцените ширум светот. Но, дека меѓу нејзините миленици има и слатко прасе, со мини големина, веројатно не можете да  замислите. Буба Сју е слатка придружничка на Мајли кога не е зафатена во студиото или кога не е на патувања далеку од дома.

јутјуб

Мајмуните на Парис Хилтон и Џастин Бибер

Бизнисменката, актерка и пејачка Парис Хилтон сигурно не пропушта ништо во нејзиниот живот. Богатата наследничка е исто така голема љубителка на животни. Според добро-информираните, нејзиниот дом повеќе изгледа на фарма отколку на вила, заради присуството на дури 35 животни. Меѓу нив е и слаткиот мал мајмун Диор, протагонист на многу фотографии објавени на нејзиниот Инстаграм профил.

фејсбук

До пред неколку години Џастин Бибер чуваше дома мајмун кој се викаше Мели. За жал, егзотичното животно ја немаше потребната документација за иселување во Соединетите држави. Така, пејачот мораше да се раздели од миленичката Мели која сега живее слободно и безгрижно во огромниот парк Серенџети во Ходенхаген, кој се наоѓа во Германија.

Бенгалските тигри на Мајк Тајсон

Поранешниот боксер Мајк Тајсон беше брутален во рингот, но многу нежен со животните во неговиот приватен живот. Тајсон е исто така познат по тоа што во својата мега вила има два тигра од Бенгал.

фејсбук

Игуаната Арни на Зејн Малик

Поранешниот член на бендот „One Direction“, Зејн Малик, е среќен покрај игуаната Арни. Арни одамна е маскота на британскиот бенд, кој се чини дека е подготвен за специјално обединување.

твитер

Козата на Деми Ловато

Пејачката била на патување во Африка во име на една хуманитарна мисија. По нејзиното враќање, Деми Ловато избра да посвои коза за свое домашно милениче. Необичен избор: кому паѓа на ум да чува коза?

твитер

Кралската кобра на Николас Кејџ

Меѓу најчудните миленичиња на ВИП глумците е кралската кобра на Николас Кејџ. И тоа не една, туку две кобри чува на својот имот.

Џиновската желка на Леонардо Ди Каприо

Кога размислувате за желка како домашно милениче, мислата на „обичните смртници“ е насочена кон малите желчиња кои се чуваат во аквариум. Но познатите големи луѓе се навикнати да размислуваат „на големо“, па така Оскаровецот Леонардо Ди Каприо не сакал да се одлучи за едноставна мала желка, туку земал за домашен миленик гигантска желка. Не е познато дали станува збор за чување на копно или во море, но лесно може да се претпостави дека Ди Каприо не го поставил ова прашање како проблем за него.

фејсбук

Срната на Одри Хепберн

Дивата од „златниот“ Холивуд Одри Хепберн замина во историјата како најграциозна и најгорда актерка – експлозивна мешавина која ја направи легенда уште пред да почине во раните деведесетти години. Кое беше нејзиното омилено домашно милениче? И покрај тоа што во позрелите години дома чувала повеќе животни, меѓу кои и неколку кучиња, слободното време го посветувала на миленичката – срничка.

фејсбук
фејсбук

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот