мирјана најчевска
Мирјана Најческа / Фото: Архива

Најчевска со иронија го коментира изборот на Маричиќ за претседател на ДИК

Професорката Мирјана Најчевска со ироничен статус на „Фејсбук“ реагираше на именувањето на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, за нов претседател на Државната изборна комисија.

„Ми падна камен од срце. На момент се исплашив дека решиле да стават независен, човек со интегритет и морал на ова место. Која трагедија би било тоа. Ќе се пореметеше цел систем“, напиша Најчевска.

Собранието на денешната седница со 83 гласа „за“ го избра Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). За потпретседател на Комисијата е избран Абдуш Демири, додека за членови се избрани Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.

Бојан Маричиќ избран за претседател на ДИК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот