Бојан Маричиќ / Фото: ,,Слободен печат'' / Методи Здравев

Бојан Маричиќ избран за претседател на ДИК

Собранието на денешната седница со 83 гласа „за“ го избра Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). За потпретседател на Комисијата е избран Абдуш Демири, додека за членови се избрани Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.

Во продолжение на седницата, пратениците ги избраа Лимко Бејзароски и Наташа Амидиу за членови на Комисијата за заштита од дискриминација. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, информираше дека кандидатката Џинан Ахмед се повлекла од кандидатурата.

Како Џихан Ахмед се протна низ Комисијата за избори и именување во Собранието незабележана?

Собранието го донесе и Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Според предлагачите од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, со законските измени се отстрануваат можни штетни последици од измените донесени во септември 2023 година и се врши усогласување со европските и меѓународните стандарди во делот на борбата против организираниот криминал и корупцијата. Пратениците од Левица гласаа против, оценувајќи дека законското решение е во интерес на функционерите од владејачкото мнозинство.

Пратениците не го прифатија предлог-законот за изменување на Законот за енергетика, поднесен од Левица, со кој се предвидуваше укинување на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и пренесување на нејзините надлежности во Министерството за енергетика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот