Најбизарните ријалити шоуа: Живеат голи, жените се пораѓаат во дивина, а 15 мажи се натпреваруваат кој ќе ѝ направи дете на една жена
Ријалити шоуата се повеќе земаа замав како на Балканот, така и во светот, а колку тие се подраматични и побизарни, толку повеќе се и гледани.
Дека луѓето се подготвени да направат се за популарност, покажуваат бројните ријалити формати кои се емитуваат на телевизија. Најновото екстравагантно шоу се вика „Labor of Love” во кое 15 мажи, преку различни задачи, се борат меѓусебно со цел на кандидатката Кристи Катзман (41) да и направат дете.
Главната улога ја има Кристи која била во брак шест месеци, но тој не прошол славно. Штом се развела, се пријавила во реалното шоу бидејќи, како што вели, и отчукува биолошкиот часовник. Кристи веќе има искуство пред камерите бидејќи се натпреваруваше во 2007 година во шоуто „The Bachelor”.
Мислам дека „Labor of Love“ е посоодветно шоу за мене. Да бидеш одбиен пред милиони гледачи не е многу забавно, вели Катзман. Првата епизода донесе многу изненадувања. Мажите, не знаејќи што ги чека, застанаа во ред да донираат сперма во чаша, која потоа се носи на анализа со цел да се види колку се плодни тие. Доколку некој не е плоден, автоматски го напушта шоуто. Мажите ќе мораат да покажат како се снаоѓаат со деца, како менуваат пелени, да чуваат неколку деца. Ќе бидат споени и на апарат кој симулира породилни болки.
Но доколку помисливте дека тоа е врвот на бизарноста во ријалити програмите, да се потсетиме на уште неколку вакви шоуа кои ја здогледаа светлината на денот.
Пред неколку години се емитуваш шоуто „Born in the Wild”, во кое жените се породуваа во природа, а сето тоа го снимаше камера. Жените своеволно одбиле да се породат во болница, па заминале со километри подалеку од другите во дивина со цел да се породат.
Уште едно од побизарните ријалити шоуа е секако и „Голи и преплашени“ кое започна да се емитува во 2013 година. Американците дојдоа на идеја да испратат одредени кандидати во дивина да видат како тие ќе преживеат голи.
Учесниците мораа сами да направат скривалиште, да обезбедат храна и вода. Единствено нешто што го имаа на себе беше камера и микрофон. Иако беа голи, нивните интимни делови при емитувањето беа цензурирани.