Најбизарен отказ во фудбалот: Не ти се допаѓа теренот, тогаш си одиш од клубот
Поранешниот шампион на Турција не простува критики.
Францускиот фудбалер Јунес Беланда по три ипол години и одигран 131 натпревар на кои постигна 22 гола и има 26 асистенции, буквално е избркан од Галатасарај.
Препорачано
Причината поради која челниците на Галатасарај го истераа Беланда од клубот бидејќи ја критикуваше управата за лошиот терен на кој играат фудбалерите. Беланда во ремито против Сиваспор (2:2) изјави дека е тешко да се игра во такви услови.
– Навистина е тешко да се направи резултатски пресврт кога теренот е во вака очајна состојба. Челниците на Галатасарај мораат да пронајдат решение. Наместо што се рекламираат преку Твитер, Инстаграм и слични медиуми, подобро е да се заинтересираат за теренот – изјави Беланда во неделата.
Football: #Galatasaray part ways with Younes #Belhanda https://t.co/6iqlSINyjz pic.twitter.com/DeQuCyngjb
— ANADOLU AGENCY (ENG) (@anadoluagency) March 10, 2021
Наредниот ден Беланда повторно се огласи и порача дека приговорите беа упатени за вработените кои се задолжени за одржување на теренот, а не кон челниците на клубот. Сепак, тоа не му беше простено и доби отказ.
„Во интервјуто кое го даде за Беин Спорт по натпреварот со Сиваспор, Беланда кажа зборови кои го нарушија угледот и репутацијата на управата на клубот“, стои во соопштението на Галатасарај.


