Награди за најубаво уреден двор во Делчево

Како што информираше Татјана Стојковска, член на комисијата за избор, на конкурсот учествуваа 20 кандидати, а беа доделени награди во две категории.

Објавени имињата на добитниците на наградите кои учествуваа на конкурсот за избор на најубаво уреден двор како дел од кампањата „За поубаво Делчево”. Како што информираше Татјана Стојковска, член на комисијата за избор, на конкурсот учествуваа 20 кандидати, а беа доделени награди во две категории.
-Општина Делчево третпат годинава организираше избор на најубав двор во општината. Пријавувањето на конкурсот траеше од 18 мај до 30 јуни и беа пријавени 10 апликанти во две категории – избор на најубав двор на физички лица и избор на најубав двор на правни лица и објекти за колективно домување. Во првата категорија беа пријавени шест апликанти, а во втората категорија три индивидуални објекти. Наградата за најдобро уреден двор кај поединците ја доби Ивана Лефковска, а во втората категорија за најубав двор на правни лица и објекти за колективно домување е изберен дворот пред зграда бр.1,  влез 1 на улица „Кеј на Брегалница”, информираше Стојковска.

Како претставник на комисијата и со поддршка на делчевскиот градоначалник, Стојковска најави дека акцијата ќе продолжи и во наредните години и ги повика делчевци да учествуваат и да се пријавуваат за избор на најубав двор.

– Како комисија бевме изненадени од креативноста и идеите кои ги имаат нашите сограѓани. Се гледаше дека за уредување на сите дворови било вложено труд и љубов. Избраните дворови импресионираа со свежина и креативност со застапена тревна површина, зимзелени дрвја и цветни содржини. Поради тоа што се очекува оваа акција да прерасне во традиционална, сметаме дека е потребно како комисија да им дадеме совет на нашите граѓани кои сакаат да се пријават на истата следната година, додаде Стојковска.
Првонаградените од  ќе добијат од Општината парична награда од 10 илјади денари, која ќе им биде доделена на свечената седница на Советот на општината во рамки на одбележувањето на Денот на градот – 7 Септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот