Фото: ЕПА / Ѓорѓи Личовски

Нагло ќе залади, најавуваат метеоролозите — дури и утрински мраз ќе им се закани на процутените овошки

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура до 3 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во Гевгелија, каде температурата преку денот ќе се искачи до 21 степен.

По денеска измерените 26 степени во Скопје, синоптичарите велат дека утре температурата во главниот град нема да надмине 15 степени преку целиот ден. Ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината повремено ќе врне дожд. Температурата ќе се движи од 8 до 15 степени.

За следните денови УХМР издаде предупредување за значително посвежо и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за локални невремиња.

„Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, особено во западните и во јужните делови, каде во текот на овој период ќе наврнат над 30 литри на квадратен метар. Утринската температура ќе биде во опаѓање, а во четврток и во петок на некои места ќе се спушти и под 0 степени. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен“, пишува во предупредувањето на УХМР.

Во Скопје до среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Ќе дува северен ветер.

Ќе се изолираат 3.000 далноводи за да се заштитат египетскиот мршојадец и царскиот орел од струен удар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот