Надриеким од Турција „лечел“ од разни болести кај нас, си отворил „ординација“ во гостиварско

Фото: илустрација / Архива

Вчера во гостиварско, уапсен е млад човек од Турција, кој лажно се претставувал како медицинско лице и во куќа во селото Врапчиште земал пари од луѓе кои ги „лекувал“ од секакви болести со надрилекарство, соопшти МВР.

„На 08.06.2023 во гостиварско Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Ч.(33) од Република Турција. При претрес во куќа во содејство со Државен санитарен и здравствен инспекторат, која ја користел како ординација за надрилекарство, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени поголема количина на таблети, медицинска документација, пари и друг предмет“.

Турчинот бил задржан во полициска станица и по расчистувањето и документирањето на случајот, против него ќе биде изготвен соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот