Надежите до 19 години ќе играат турнир во Холандија, Капинковски го објави списокот на фудбалери
Селекторот на македонската репрезентација до 19 години, Димитар Капинковски го објави списокот на повикани фудбалери за квалификацискиот турнир во Холандија, кој ќе се одржи во периодот од 23 до 31 март 2026 година.
Препорачано
Нашата селекција на 25 март на воведниот натпревар ќе се соочи со репрезентацијата на Фарски Острови, додека потоа следи натпреварот со домаќинот Холандија, а турнирот го затвораме со дуел против Молдавија.
Македонија до 19 години:
Александар Трајков (Брера), Бојан Велков (Брера), Габриел Талески (Брера), Иван Танчев (Брера), Андреј Димовски (Брера), Давид Ангелевски (Пелистер), Јован Мрмачоски (Пелистер), Стефан Секирски (Новаци), Кристијан Маркоски (Келн, Германија), Албан Рочи (Струга), Мухамед Мустафи (Сент Гален, Швајцарија), Стефан Бранковски (Марибор, Словенија), Антони Трајковски (Вардар), Иво Марковски (Вардар), Дамјан Буцевски (Македонија Ѓ.П.), Дарко Јовчев (Македонија Ѓ.П.), Дитмир Хоџа (Работнички), Лорент Жаку (Работнички), Фљори Иљази (Шкендија), Матео Ќесик (Јединство УБ), Славчо Мисајловски (Тетекс);


