Надеж за иднината на слатките примати: Во зоолошка градина во Флорида се роди младенче од загрозен вид орангутан
Младенче од загрозениот борнеански орангутан е родено во „Буш гарденс“ во Тампа Беј, Флорида.
Препорачано
Бебето орангутан е родено со царски рез во саботата, женско е и тешко околу 1,3 килограми, соопштија претставници на паркот, пренесе „Гласот на Америка“.
Мајката Луна се опоравува од операцијата и повторно ќе биде со бебето кога ќе биде стабилна.

Овие орангутани се наоѓаат само на островот Борнео, а Меѓународната унија за заштита на природата ги прогласи за критично загрозени.
„Буш гарденс“ е дел од Планот за опстанок на видовите на Здружението на зоолошки градини и аквариуми, чија цел е да управува со загрозените видови и да ги едуцира посетителите за животните.

Борнеанскиот орангутан е трет по големина вид мајмуни. Раѓањето на ова младенче е пресвртница во напорите за зачувување на орангутаните, се вели во соопштението од „Буш гарденс“. Орангутаните во дивината обично живеат помеѓу 35 и 40 години.
Новородениот припадник на реткиот вид сè уште нема име.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


