Над 80 илјади млади лица се дел од програмата „Гаранција за вработување“, 40 отсто од нив добиле понуда за вработување

Луѓе поминуваат покрај жена што проси на камен мост / фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Во 2021 година без работа биле околу 94 илјади млади луѓе во земјава, во однос на 2016 година кога 136 илјади млади луѓе биле во категорија млади од ранлива категорија. На денешниот настан на кој се споделуваа искуствата, добрите практики и предизвиците во досегашното петгодишно спроведување на програмата Гаранција за млади, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска потенцираше дека со воведувањето на „Гаранција за млади“ мла како дел од европските носечки иницијативи од 2018 до денес во програмата се вклучиле над 80 илјади млади лица.

Речиси 40 проценти од учесниците во Гаранција за млади добија понуда за вработување, континуирано образование и обука, беа вклучени во практиканство што се смета за еден позитивен исход. Показателите за последователно следење покажуваат дека околу 40 проценти од оние што добиле понуда биле во позитивна ситуација 18 месеци по напуштањето на системот за обезбедување услуги од Гаранција за млади, односно се вработени или вклучени во некоја обука. Еден од главните приоритети ни е токму намалување на младинската невработеност, односно зголемување на вработливоста кај младите, нагласи Тренчевска.

Евроамбасадорот Дејвид Гир во своето обраќање на настанот посочи дека Гаранцијата за млади се покажа како суштинска алатка за задоволување на потребите на младите луѓе, особено оние кои не се во образование, вработување или обука и оние кои се особено ранливи.

Кога ги разгледуваме политиките за развој воопшто, едно од најважните прашања што мора да го решиме е дали правиме доволно за младите луѓе. Кога слушаме дека младите сакаат да ја напуштат земјата, не можеме а да не прашаме дали им даваме доволно можности да добијат квалитетно образование за работа дома. Ова е валидно прашање овде во Западен Балкан, но и во земјите-членки на ЕУ. Младите луѓе природно бараат да играат посилна улога во обликувањето на општеството и во обликувањето на нашите економии, не утре туку денес, рече Гир.

Директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, пак, додаде дека во државите од Западен Балкан ситуацијата со невработеност кај младите луѓе е неповолна, а државите се наоѓаат пред голем предизвик.

Растот на нашите економии треба да се преточи во можности за работа а унапредувањето на вработувањето на младите треба да биде наш врвен приоритет. Потребна ни е таргетирана реакција. Група млади се изложени на ризици од долгорочна невработеност и предвремено напуштање на образованието. Младите се во сржта на приоритетите на сите освремени држави тие се клучот за идната динамика и просперитет а нивните таленти вештини и крезстивност се од суштинско значење да се обезбеди раст и конкруентност насекаде во светот. Невработеноиста кај младите секогаш е на повисоко ниво споредено со другите возрасни групи а тоа значи губење човечки ресурси и таленти што нашите држави ни можат да си го дозволат, потенцира Мурати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот