Над 200 граѓани неправилно паркирале во Центар, казните не ги одвраќаат од нивните навики
Ниту казни, ниту блокирање на тркалата, па дури ни„пајаците“ не ги спречуваат некои од граѓаните да си ги паркираат возилата каде ќе им текне. Само во Центар, на територијата што е во надлежност на ПОЦ, секоја седмица бројот на казнети граѓани кои непрописно ги паркирале автомобилите и со тоа го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот се искачува и над 2оо.
Препорачано
Во периодот од 15.07. до 21.07.2024 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 96 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 110 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани – соопштуваат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа, како што најавуваат од ПОЦ, нивните екипи заедно со полицијата и во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.


