Над 1,2 милиони Украинци побегнале во Полска

Бегалци од Украина, Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Според полската гранична стража, 1,2 милиони луѓе побегнале од Украина во Полска од почетокот на војната.

Само во понеделникот, 141.500 луѓе ја преминале границата, напиша агенцијата на Твитер – нешто под неделниот дневен рекорд од 142.300.

Околу 90 отсто од луѓето кои бегаат се украински државјани, главно жени и деца. Според нивните податоци, околу 40% од бегалците веќе ја напуштиле Полска во други земји.

Полска веќе беше дом на многу Украинци – проценките се движат меѓу еден и два милиони луѓе – па затоа многумина останаа со семејството или пријателите во таа земја.

Илјадници Полјаци ги пречекуваат бегалците и во своите домови, а денеска полскиот парламент ќе расправа за вонредна легислатива за да ги компензира оние што го прават тоа за нивните дополнителни трошоци.

Законодавството, исто така, ќе им овозможи на Украинците да живеат и работат во Полска 18 месеци и да добијат бесплатна здравствена заштита и школување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот