Над 100 лица уапсени во Шпанија, украле илјадници евра од корисници на Вацап

Повеќе од 100 лица се уапсени во Шпанија под обвинение дека со измама украле илјадници евра од корисници на апликацијата Вацап, тврдејќи дека се роднини во неволја, објавија денеска шпанските медиуми.

Полицијата соопшти дека уапсените биле дел од криминална група која преку оваа измама остварила нелегална добивка од речиси еден милион евра, јавува Би-Би-Си.

Сите уапсени се обвинети за измама, перење пари и учество во криминална организација која, според шпанската полиција, ги измамила корисниците на Вацап и барала од 800 до 55.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот