Над 100 души присуствувале на свадбата во Охрид, изолација нема за ниеден!

Свадба / Фото: Архива на Слободен печат

Македонци што живееле во Австрија, а во Охрид дошле да направат свадба во познат хотел во градот, на отворено, односно младоженецот и невестата, се единствените кои што побарале лекарска помош поради симптоми на коронавирусот од оваа веселба.

Според извори на „Слободен печат“ од ковид одделението во охридската болница, ниту еден од над 100 гости кои биле присутни на веселбата која се одржала на 31 јули не е во изолација.

Се обидовме да ја потврдиме оваа информација во Центарот за јавно здравје Охрид, но в.д. директорот доктор Ѓоко Константинов не одговори на нашите прашања дали се направени епидмиолошки прашалници и изолирани присутните на свадбата, која има потенцијал да прерасне во невидлив кластер доколку не се следи.

И младоженецот и невестата имаат по 27 години. Невестата од вчера е пуштена на домашно лекување, а зетот е уште во охридската болница.

-Повеќе од 100 присутни гости имало на свадбата која се одржала на отворено во хотел на 31 јули. После петтиот ден, тој веќе добил температура и се јавува во болница да каже што чувствува исто како и невестата. Уште од Австрија имале вирус во нив, но не се тестирале таму на граница влегле без ПЦР тест и не се вакцинирани и двајцата. Имаат по 27 години. Во моментот од присутните на себапот ниеден не е јавен во болница или на матичен лекар да побара помош. Тринаесет дена се поминати уште никој не е дојден со симптоми. Претпоставуваме дека добар дел од нив се вакцинирани или прележани. Обично се чека 3 недели, и дај Боже да немаме, изјави за „Слободен печат“ главната сестра на инфективното одделение во Охрид, Мира Спасова.

Таа додаде дека од другите хоспитализирани на охридското инфективно одделение, има еден Македонец кој живее во Белгија, невакциниран и непрележан, кој иако се чувствувал лошо уште од Белгија, тргнал на одмор за Охрид.

-Останатите двајца хоспитализирани се наши, охриѓани, кои се вакцинирани, но се сепак позитивни, вели сестра Спасова.

Тетовска свадба за паметење: Заразени младенци направиле голема веселба, дел од гостите завршија на кислородна поддршка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот