Обвинителството отвори предмет за младоженците кои со корона правеле свадба во Тетово

Свадба / Фото: Архива на Слободен печат

Основното јавно обвинителство Тетово во текот на вчерашниот ден оформи предмет по допрен глас со цел да се проверат наводите во објава на социјалните мрежи за евентуално сторено кривично дело – пренесување заразна болест од член 205 или непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик, дознава Слободен печат.

Станува збор за младоженецот и невестата кои организирале свадба иако на ковид тестовите што ги купиле во аптека и ги направиле дома, биле позитивни. Потоа, според лекарски извори, дошле да побараат инфузија за освежување која им била администрирана, испиле парацетамол да ја контролираат температурата и се упатиле на свадбената веселба. Оттаму гостин на веселбата, се упатил со цела фамилија на одмор во Албанија.

Постапувајќи по предметот, надлежен јавен обвинител веднаш издаде наредба со која од СВР Тетово побара да оформи тим за испитување на сите околности на настанот, да прибави докази и други податоци и да ги пронајде и да го утврди идентитетот на евентуалните сторители на наведените кривични дела.

Преку СВР Тетово упатено е барање до Ковид центарот во Тетово за достава на податоци поврзани со настанот, а за утврдување на фактите во предметот ќе бидат побарани податоци и од Министерството за здравство и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Наредбата е доставена до СВР Тетово со насока да се постапува веднаш, бидејќи се работи за предмет поврзан со ширење на заразна болест, велат од ОЈО за Слободен печат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот