Насловна корица на „Библиографски портрет - Славе Ѓорѓо Димоски“

Над 1.500 единици опфаќа изданието „Библиографски портрет – Славе Ѓорѓо Димоски“

Во издание на Општина Охрид е објавена книгата „Библиографски портрет – Славе Ѓорѓо Димоски“, која ја приреди Даниела Спироска.

Во книгата е опфатена неговата активност на полето на литературата од првата објава 1975 година во гимназиското гласило „Јужен бран“ па сѐ до последните објави во 2025 година.

Внимателно, преку различни објави, е проследен неговиот развој на полето на литературата и културата. Книгата е составена од четири дела: Првиот дел се однесува на посебно печатени книги, први објави на македонски јазик, преведени книги на други јазици, преведени книги од други јазици, книги на Брајово писмо итн. – сѐ она што е објавено во форма на книга; вториот дел ја опфаќа целокупната критичка библиографија на поетот, како и интервјуа систематизирани хронолошки според годините и поводите на објавувањата.

Третиот дел се однесува на библиографски единици објавувани во домашни и странски весници и периодика, додека четвртиот дел ја заокружува книгата со индекс на целокупното поетско творештво подредено по азбучен ред, со поетски календар во кој се наведени неговите поетски средби и дружења во Македонија и во светот и завршува со список на добиени домашни и странски награди и куса библиографска белешка.

За изработка на овој „Библиографски портрет“ е користена личната архива на поетот, архивски материјали од НУБ „Свети Климент Охридски“ – Скопје и НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Книгата опфаќа над 1.500 библиографски единици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот