Нацистички атлас за човековата анатомија кој го создале Нацистите убивајќи милиони Евреи се користи и денеска

Фото: Принтскрин

Светот пред неколку недели го изненади загрижувачка и помалку морбидна информации, за тоа дека во докторските ординации во одреден дел од планетата се користи еден, во најмала рака необичен атлас на човечката анатомија.

Станува збор за злогласно дело на Едуард Пернкопф, истакнат член на Хитлеровата Националсоцијалистичка партија, кој тој, неверојатно детален анатомски атлас го направи сецирајќи ги телата на оние кои режимот ги осудил на смрт, па и жртвите на нацистички концентрационен логор.

Книгата на Пернкопф од топографска анатомија на човекот и денеска, според многумина, всушност е најдобриот и најдеталниот прирачник од овој вид, но се поставува и прашањето колу е морално и оправдано да се користи, во однос на застрашувачките злосторства врз основа на кои настанал.

Британската медиумска куќа „Би-Би-Си“ разговоарала со неврохирургот Сузам Мекинкон, од Вашингтон, која признала дека и денеска за посложени процедури се користи таканареченикот „нацистички“ атлас на човековката анатомија. Коата, мускулите, живците, коските и органите во него се, како што вели таа, исклучително детално нацртали и прикажани, па не се за оние со слаб желудник.

Книгата, треба да се истакне, веќе подолго време не е на продажба, а само еден од низата на нејзини томови на интернет се продава за илјада британски фунти.

И покрај високата цена и исклучителната стручност, малку кој доктор ќе вложи да ја има во својата ординација поради мрачното минато кое довело до тоа сознание. Автентичните прикази на човечката анатомија се резултат на изучувањето на стотици мртви тела , од оние кои нацистите ги убивале за време на Втората светска војна, а токму нивната обдукција на мртвите тела е опишана низ страниците на овој детален атлас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот