На забар по нови правила: Накитот и телефоните ќе се оставаат во гардероба, на влегување ќе се мијат раце

epa08372447 Dentist Torben Schoenwaldt, clinical assistant student Rebecka Erichsen and patient Line OErnstrup at Harald Dentists Soenderaaparken reopens and accepts the first patients, in Vejle, Denmark, 20 April 2020. The government and the parliamentary parties agreed on Friday night to open liberal professions in Denmark. The vast majority of hairdressers, physiotherapists and tattooists open on Monday, after being closed for about a month during the corona crisis. EPA-EFE/Claus Fisker DENMARK OUT

Стоматолошките ординации почнуваат со работа, но со нови правила кои треба да го намалат ризикот за ширење на ковид-19, како мерење на температура, миење раце, оставање на накитот и мобилните во гардероба. Ординациите се уште ќе работат со некои рестрикции, односно нема да се извршуваат интервенции кај кои има поголемо водено распркување и бараат многу време работење, како вградување импланти или чистење на забен камен.

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека стоматолозите ќе работат согласно протоколите за стоматолошките ординации кои ги одобрила Комисијата за заразни болести.

– Дел од стоматолошките одинации се подготвени и тие може да почнат со работа – најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Стоматолошката комора на својата интернет страница информира дека од денес, среда, може да се отворат стоматолошките ординации и да почнат да работат, притоа почитувајќи ги сите мерки за заштита на вработените и за дезинфекција на работните простории.

Согласно овие протоколи, на влезот на ординацијата треба да се постават јасни пишани или графички упатства за однесувањето на пациентот во стоматолошката ординација и да се постави крпа или друг материјал натопен во дезинфициенс за обувки или под (дезобариера). Во чекалната треба да има поставено дезинфициенс за раце. На влез пациентите треба да ги измијат рацете и да ги дезинфицираат со дезинфициенс за раце. Од чекалната треба да се отстранат сите предмети кои не можат да се дезинфицираат (списанија, весници, украси), а столиците во чекалната да бидат на оддалеченост од 1,5 -2 метри.

Во чекалната да е присутен само по еден пациент или максимум двајца доколку вториот е родител на дете под 14 год или помошник на изнемоштено или слепо лице, кој за цело време до седнување на стоматолошкиот стол треба да носат маска.

По напуштање на ординација од страна на пациентот треба да се пребришат кваки и сл. кои се на патеката на движење на пациентот. Пациентите кои влегуваат во ординацијата при влезот во ординација мора да влегуваат со нивна заштитна опрема за уста и нос и да ги оставаат сите лични предмети (телефон, чанта и сл.) на одредено за таа намена место кое е дезинфицирано и прекриено со фолија за еднократна употреба. При влез во ординацијата пациентите по оставање на личните предмети задолжително треба да си ги измијат рацете со сапун и потоа да ги дезинфицираат со дезинфициенс за раце на база на алкохол (најмалку 60-70 отсто), по што е задолжително мерење на телесна температура со термометар со бесконтактен термометар и утврдување на негов здравствен статус (на пр.дали кашла или има други видливи симптоми кои може да упатуваат на ковид- 19 инфекција).

Пациентот задолжително ќе мора да одговори и на прашањата од епидемиолошки прашалник, како и да потпише согласност за интервенција во услови на пандемија на ковид-19.

Откако ќе се утврди нормална телесна температура и ќе се завршат другите пациентот се упатува до стоматолошкиот стол со напомена да не допира ништо при движење (ако претходно не му се дадени еднократни ракавици кои ќе ги носи додека е во ординацијата) при што за цело време до отпочнување на стоматолошката интервенција е должен да ја носи неговата заштитна опрема за уста и нос и која пред самата интервенција пациентот ја одлага на место наменето за тоа.

Пациентите ќе треба прегледите да ги закажуваат телефонски, а меѓу двајца пациенти ќе треба да се прави дезинфекција.

Во протоколите точно дефинирано каква маска, ракавици, мантил и друга заштитна опрема треба да носи лекарот во зависност од категоријата на ризик.

Сепак, иако ординациите се отворени, нема да се изведуваат интервенции кои се со многу аеросол/водено распркување и бараат многу време работење, на пример големи протетски изработки, импланти, па дури и ултразвучно чистење на забен камен кој може да се одстрани рачно.

Пациентите кои се потврдени позитивно болни и се на лекување, независно дали се на домашно или болничко, за итни стоматолошки интервенции се упатуваат на Стоматолошки клинички центар.

Сите други кои не се на лекување ги прифаќаат матичните стоматолози по претходно земен и пополнет епидемиолошко анамнестички прашалник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот