На терен се евидентираат штетите кои ги нанесе поплавата во Општина Јегуновце

Фото: Слободен печат

Општина Јегуновце веќе формираше трочлена комисија која ќе има задача да ги утврди штетите кои ги нанесе поплавата во неколку села од оваа рурална општина. Извештајот ќе биде испратен до Второстепена владина комисија.

„Општина Јегуновце согласно законите и надлежностите што ги има формираше општинска комисија. Таа почна со посета на секое домаќинство кое беше зафатено од поплавите. Трочлената општинска комисија ќе ги посети поплавените подрачја и во Раотинце, Копанце, Туденце и Јегуновце па ќе ја извести владината Комисија за проценка и утврдување на штети од елементарни непогоди, изјави денес градоначалникот на Општина Јегуновце Димитар Костадиноски.

Првичните проценки се дека речиси целата земјоделска површина во Раотинце е под вода, а има поплавено и дваесетина објекти. Штети не од толку големи размери има и во селата Копанце, Туденце и Јегуновце.

ВИДЕО: Се излеа Вардар кај тетовското село Раотинце, поплавени се куќи и ниви

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот