На што ги учиме нашите деца, дури и преку несвесни постапки?

родители и деца

Генетиката има само половина удел во однесувањето на вашите деца.

Другата половина припаѓа на воспитувањето. Децата се директен производ на нивното опкружување. А што се случува кога родителите им поставуваат на своите деца лоши примери на однесување?
Одговорот е едноставен – создаваат разгалени емотивни мали „чудовишта“ со кои не знаат како да излезат на крај.

Родителите не се безгрешни, но имаат огромна моќ во своите раце од тие мали суштества да направат несвесно дрски, себични и проблематични луѓе. И тоа не се однесува само на разгаленоста додека децата се мали и добиваат сè што ќе посакаат, туку и во подоцнежниот развој, кога веќе стануваат свесни индивидуи.

Еве пет класични однесувања кои влијаат на вашето дете, а вие да не сте ни свесни за тоа:

Насилството како решение

Факт е дека насилството во училиштата е распространето како никогаш порано. Во тој поглед, разбирливо е да сакате да го советувате вашето дете да се избори и да не стане жртва. Меѓутоа линијата помеѓу бидувањето жртва и насилник е многу тенка. Учете го вашето дете да избегнува кавги и пресметки со своите врсници. Ако е во самоодбрана, тогаш е оправдано, но и да не биде одговор на секоја ситуација.

Непокажување спортски дух

Веројатно познавате некои родители што кога навиваат за своите деца, тоа го прават агресивно. Тоа значи дека го доживуваат лично и таква енергија пренесуваат кон своите деца – дека најбитна е победата, а не трудот и тимскиот дух. Не го учете детето на бескомпромисна победа, затоа што ќе се разочарува при секој пораз. Животот е составен од двете нешта.

Непочитување авторитети

Без разлика дали е судија на терен, наставник во училиште или друга личност која е авторитет во животот на вашето дете, покажувајќи непочит кон нив пред детето е лош потег. Може нема да се сложувате со секоја одлука или став на овие личности, но детето мора да стекне впечаток дека и возрасните можат да погрешат, но дека и понатаму градите однос врз основа на почит.

Агресивно возење автомобил

Дали често кога сте во сообраќајни гужви, знаете да возите и побрзо од што треба? И најлошо од сè, дали ги навредувате и другите возачи додека возите? Ако сте се препознале во овие ситуации, тогаш очекувајте слично однесување од вашите деца кога еден ден ќе седнат зад волан. Запаметете – вие сте модел на убаво однесување. Задржете ниво и контрола.

Често изговарање пцовки

Не постои човек кој понекогаш не опцул, макар и кога ќе си го удри најмалото прсте на ногарка од столче. Од друга страна, кога мало дете ќе каже пцовка, најчестата реакција е шок или неверување „од каде сега излезе ова?“.  И на несвесно ниво, во разговор со драги луѓе, колеги… Ние често користиме сленг и неубави зборови, тоа природно ни доаѓа. Но, да не се чудиме кога децата го следат тој пример. Ова може да се ублажи единствено со максимална контрола додека зборувате пред децата.

Извор: Zenskimagazin

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот