На протестот во Тетово беше побарано од Собранието да се легализира објавувањето на „бомбите“

фото: Коха

Стотици демонстранти се собраа денеска во Тетово во знак на протест по повод бомбите што ги објавува на социјалната мрежа Фејсбук, корисникот со прекар „Ел Чeкa“.

Неговиот брат, Блерим Ахмети, стои зад организирањето на овој протест, како и на претходниот, пренесува весникот Коха.

Според истиот медиум, демонстрантите бараат оставка од функционерите на ДУИ, владеење на правото, судски процес на скандалите од новите објавени „бомби“, како и правда за случаите каде се инволвирани Албанците.

Блерим Ахмети, братот на „Ел Чека“, побарал Собранието да изгласа измена на Законот со што би се легализирало објавувањето на „бомбите“.

– Почитувани учесници на овој протест не не собра тука денеска желбата за прошетка, туку потребата за да се протестира против една мафијашка појава на албанската политичка класа. Ние се собравме тука за да побараме ургентно Собранието да покрене постапка за измена на Законот кој го санкционира објавувањето на прислушкуваните разговори на албанските политичари, и не само тоа. Ние бараме да биде прогласен за неважечки овој закон кој ги штити прекршителите на законот. Венецијанската комисија децидно препорачува дека треба се објави секој документ што претставува јавен интерес. Прислушкуваните разговори се повеќе од јавен интерес, бидејќи во тие разговори се кршат човековите права, а исто така се крши и Уставот на земјата – изјави Ахмети, додавајќи дека законот е донесен за да се заштитат албанските политичари.

За време на протестот организаторите ги повикале демонстрантите да бидат мирни и да не употребуваат насилство врз полицајците.

На протестот учествувале и граѓани од други градови, како што се Куманово, Гостивар, Кичево и Струга, кои патувале организирано со автобуси. На толпата не и беше дозволено да се доближи од седиштето на ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот