Изгубено куче на аеродром во САД / Фото Твитер

На патничка на американски аеродром ѝ било одземено кучето поради проблеми со визата, ѝ го вратиле дури по три недели

Шестгодишното куче Маја на патничката од „Делта ерлајнс“, Пола Родригез, исчезнало во август на аеродромот Хартсфилд-Џексон во Атланта, кој се смета за најпрометниот во светот. Персоналот на аеродромот кој и го одзел на сопственичката го изгубило кучето, додека таа ноќта ја минала во притвор поради проблеми со туристичката виза.

Оперативниот тим на аеродромот го пронашло кучето како се крие во близина на просторот за складирање на товар. „Уморна, но очигледно во добра здравствена состојба, таа беше однесена на ветеринар и се очекува наскоро да се врати дома“, соопштија аеродромските власти.

Родригез и Маја го напуштиле својот дом во Доминиканската Република на двонеделен одмор во Калифорнија на 19 август. Но, кога пристигнале во Атланта каде што требало да се префрлат, Родригез била информирана од персоналот на граничната патрола дека нејзината туристичка виза не ги исполнува потребните услови. Тие и ја откажале визата и рекле дека ќе мора да се врати дома на следниот лет, изјави Родригез за Си-Ен-Ен.

Со следниот лет за Пунта Кана закажан за следниот ден, Родригез се соочила со болната реалност дека ќе ја помине ноќта сама во притворот, одвоена од своето куче.

„Го повикаа вработениот на Делта, кој ми ја зеде Маја“, изјави Родригез за Си-Ен-Ен.

Следниот ден, Родригез пристигнала рано на портата за нејзиниот лет, со нетрпение очекувајќи повторно да се обедини со Маја. На нејзин ужас, Маја никогаш не пристигнала.

Не можејќи да остане во САД повеќе од 24 часа без виза, Родригез немала друг избор освен да се качи на летот за Пунта Кана без Маја. Таа вели дека доживеала панични напади за време на летот.

„Сите кои ме познаваат знаат колку таа ми значи“, изјавила Родригез за своето милениче. „Не одам никаде без неа. Таа е толку добро воспитана што ја носам во ресторани, буквално секаде. Таа е мој партнер во се“.

Два дена откако Маја исчезна, претставник на Делта го контактирал Родригез за да ја сподели несреќната вест. „Тој рече дека ја превезувале (до авионот) на пистата, дека персоналот и ја отворил кабината и таа избегала на средината на пистата“, изјави Родригез за Си-Ен-Ен.

И покрај нејзините бројни повици до „Делта“, поминале неколку недели без нови информации. Откако и била укината туристичката виза, Родригез ја испратила својата мајка во Атланта за да му помогне на персоналот за пребарување. Нејзините најлоши стравови биле уништени во саботата кога официјални лица на аеродромот во Атланта објавија дека Маја е пронајдена три недели откако исчезнала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот