На овој начин го уништувате јадењето – Најчести грешки што ги правите додека брзате да зготвите нешто

Фото: Профимедиа

Колку и да сте вешти во кујната, додека подготвувате јадење набрзина, можат да ви се случат одредени грешки што комплетно ќе ви го уништат јадењето.

Токму поради тоа што речиси и да нема човек што не го згрешил јадењето што го подготвувал, експертите за храна откриваат кои се најчестите грешки и ситни „несреќи“ што им се случуваат во кујната.

  1. Ако месото по печење не го оставите да отстои барем неколку минути пред да почнете да го јадете, тоа ќе стане тврдо и ќе ги изгуби сите сокови.
  2. Уште една голема грешка е доколку готвите во недоволно загреано масло или, пак, во недоволно загреана рерна.
  3. Доколку почнете да го готвите месото (особено јагнешкото) во недоволно загреана рерна, ризикувате развој на бактерии. Освен тоа, храната може да се залепи за дното на тавата за печење ако ја ставите во ладен сад. Затоа храната најдобро е да ја ставите во загреано масло за јадење, а потоа да го ставите во рерна загреана на највисока температура, која од минута во минута постепено ќе ја намалувате.
  4. Никогаш не ставајте ја храната да се вари во вода што нема зовриено доволно.
  5. Месото никогаш немојте да го готвите на пареа. Пареата на месото му ги уништува сите протеини што ги поседува.
  6. За да ја зачувате интензивната боја на овошјето и на зеленчукот (најмногу на блитвата, на зелената боранија и на спанаќот), најдобро е само кратко да ги поварите (да ги обарите). Веднаш потоа задолжително ставете ги намирниците во ладна вода во која имате ставено коцки мраз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот