На охриѓанецот Христијан Пендиков бугарското МНР ќе му обезбеди станови, а бугарската полиција ќе го штити

Охриѓанецот Христијан Пендиков ќе биде сместен во станови што ќе му ги обезбеди Министерството за надворешни работ на Бугарија, соопшти за техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков.

Пендиков вчера беше отпуштен од Воено-медицинската академија (ВМА), каде Бугарија итно со воено-транспортен авион и голема драматика го префели на лекување, откако беше истепан во Охрид, наводно и заради неговото бугарско етничко чувство.

Министерот за внатрешни работи, пак Иван Демерџиев најави дека утре ќе се сретне со Пендиков и ќе му понуди заштита од бугарската полиција.

– Доколку реши да остане со нас ќе му обезбедиме физичка заштита од службениците во МВР. Сè уште добива закани – рече Демерџиев.

Видно опоравен, Пендиков, кој е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, вчера беше примен и во кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев, кој рекол дека Бугарија веќе нема да толерира насилство од Македонија. Како што јавуваат повеќе бугарски медиуми, Радев ѝ честитал на мајката на Пендиков за тоа што „одгледала достоен син, а на Христијан за храброста да го одбрани своето бугарско име“.

„Бугарија ќе ги користи сите национални и меѓународни инструменти за заштита на нивните права. Информирани се и меѓународните партнери за уште една антибугарска кампања во РСМ, се вели во соопштението на кабинетот на Радев.

Институциите кај нашиот југозападен сосед мора со дела да докажат дека не се симпатизери на повеќегодишната омраза кон Бугарија. Виновниците мора да бидат откриени и ефективно казнети, а Бугарија ќе ги следи постапките на институциите во РСМ за да го гарантираат животот и здравјето на своите граѓани, кои и покрај систематската репресија продолжуваат да го бранат својот бугарски национален идентитет – рече Радев.

Радев уште еднаш повтори дека „услов за европската иднина на РСМ е вклучувањето на Бугарите во Уставот, посветеност на институциите за искоренување на јазикот на омразата кон Бугарија и Бугарите, како и спроведувањето на билатералниот Договор за добрососедство“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот