На нова позиција по истрагата за убиството на новинарот Кашоги: Агнес Каламард е нова генерална секретарка на Амнести Интернешнл
Французинката Агнес Каламард, експерт за човекови права, денеска е именувана за генерален секретар на Амнести Интернешнл, организација со седиште во Лондон.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Комбинацијата на нејзината интелектуална острина, огромното меѓународно искуство со човековите права и храбриот глас ја прават високо квалификувана за нашето движење, се наведува во соопштението на Сара Бимиш, претседател на меѓународниот совет на организацијата.
Каламард, која е назначена со мандат за четири години, ја наследи привремената генерална секретарка Џули Верхаар.
Досега, специјалниот известувач на Обединетите нации за вонсудски и самоволни егзекуции, Каламард ја водеше истрагата за убиството на новинарот Џамал Кашоги во 2018 година. Таа во петокот објави на Твитер дека Саудиска Арабија и се заканува, што кралството го негираше.
Каламард работеше за Амнести Интернешнл од 1995 година до 2001 година како шеф на канцеларијата на тогашниот генерален секретар, Пјер Сане. Таа водеше истраги за човекови права во повеќе од 30 земји и објави бројни статии за човековите права, слободата на изразување и движењето на бегалците.


