Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

На навивачите им здосади: Бараат отказ за Аморим

Манчестер Јунајтед вчера не успеа да го победи убедливо најслабиот тим во Премиер лигата на „Олд Трафорд“, што дополнително го зголеми притисокот врз тренерот Рубен Аморим.

Статистиката покажува дека Аморим е најлошиот тренер во последните години на „црвените ѓаволи“, но тој сè уште ужива поддршка од раководството на клубот.

Во изминатите месеци тимот понекогаш покажуваше добри настапи и врзуваше два-три позитивни резултати, но веднаш по нив следуваа разочарувања, а вчера беше едно од најголемите.

Јунајтед не успеа да го победи Вулвс, тимот кој влезе во мечот со само два освоени бода и уште нема победа во Премиер лигата оваа сезона, но успеа да извлече нерешено на „Олд Трафорд“.

На социјалните мрежи врие од реакции, а фановите истакнуваат колку е лоша статистиката на Аморим и бараат негова смена.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот