На изборите за датум најверојатно ќе победи 5 јули!

Лидерите на двете најголеми партии со последните настапи си разменија своевидни закани околу изборниот датум – Заев предупреди дека без политички консензус гласањето ќе се одржи на 21 јуни, а Мицкоски дека на такво гласање нема да учествува.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев е категоричен дека предлозите за гласање во август или во септември всушност се предлози воопшто да нема избори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе го бојкотира гласањето ако се одржи во јуни. Тоа може да значи дека јули, поконкретно 5 јули, засега е „најсигурниот“ датум што ќе биде прифатен како компромисно решение. Дотолку повеќе што оваа опција може да ја поддржи и владејачката ДУИ.

Заев вели дека нема да дозволи уставна криза и посакува договор со опозицијата за избори на крајот на јуни, а Мицкоски предупреди дека ако предизборната кампања почне веднаш по укинувањето на вонредната состојба, нема да ги прифати изборите како кредибилни.

– Изборите треба да се одржат во првиот можен термин кога ризикот од ширење на заразата со коронавирусот ќе биде сведен на минимум. Преголеми одолжувања не се прифатливи – рече Заев во интервју за Мкд.мк.
– Ако еднострано одлучат да одат на избори во јуни, им посакувам среќа – рече Мицкоски во интервју за ТВ Клан.

Удолу длабоко…

 

Овие позиции на партиските лидери ја вжештуваат атмосферата на неколку денови пред истекот на третата вонредна состојба на 30 јуни, што пред 14 дена ја прогласи претседателот Стево Пендаровски. Се очекува дека дотогаш Пендаровски ќе свика уште една лидерска средба во обид партиите да постигнат компромисен датум за изборите, откако на последната сите изнесоа различни предлози што се протегаа од крајот на јуни до почетокот на октомври.

Ситуацијата ја комплицираат и документите од надлежните институции и различните толкувањата и изјави за нив, какви што се мислењето на ДИК за организација на изборите и решението на спикерот Талат Џафери за нивното распишување. Државната изборна комисија доставила мислење до претседателот Пендаровски, во кое вели дека „по завршувањето на вонредната состојба, ДИК ќе донесе ревидиран роковник во кој ќе бидат предвидени оние дејства што не биле преземени пред прогласувањето на вонредната состојба“, но и дека за организација на изборите ќе ѝ бидат потребни од 35 до 50 дена. Тоа би значело дека изборите ќе се одржат помеѓу 5 и 19 јули, но така ќе се прекрши Уставот, кој предвидува дека по распуштањето на Собранието, изборите мора да се одржат во рок од 60 дена. Собранието се распушти на 12 февруари, изборите требаше да се одржат на 12 април, но роковите се замрзнаа со вонредната состојба и штом таа престане, остануваат уште 28 дена до исполнување на уставниот рок. Затоа, ако изборите консензуално се договорат за подоцна од 21 или 28 јуни, ќе мора да биде продолжена вонредната состојба и тоа не од здравствени причини, туку исклучиво за запазување на уставните рокови.

Прочитајте и...  Грција: Регистриран 41 нов случај на коронавирус, 26 од нив се туристи

Има разни толкувања и за решението на спикерот Џафери со кое изборите беа распишани за 12 април и за тоа како да се дојде ново решение за датум за гласање, а сѐ да биде според Уставот и законите, односно дали Џафери треба да го измени тоа решение или, пак, да го поништи и да напише ново.

 

Игра на нерви

 

Мицкоски деновиве неколкупати ја најави и опцијата за бојкот.

– Да ги судриме аргументите и да донесеме заедничка одлука. Се разбира дека тоа не може да биде јуни или почеток на јули. Ние мораме да им оставиме на граѓаните по вонредната состојба да имаат период на адаптација, пред да можат политички да донесат одлука. Ваквото неодговорно однесување не можам да го разберам. Ако еднострано одлучат да одат на избори во јуни, им посакувам среќа – рече Мицкоски во последното интервју.

Заев смета дека ВМРО-ДПМНЕ не може да ги бојкотира изборите затоа што веќе учествува во процесот, има министер во техничката влада, ја има на избирачкото ливче итн.
– Ние не сме како Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да посакуваме избори без опозиција, нашиот демократски капацитет е многу поголем. Затоа учествувавме на лидерските средби и затоа бевме конструктивни на овие средби. Сакаме да се постигне договор, но нема да дозволиме да ѝ се нанесе штета на државата, нема да дозволиме да му се нанесе штета на здравјето, ниту да влеземе во нова, уставна криза. Договор за датумот на изборите теоретски може да се постигне до истекот на вонредната состојба на 30 мај. По сила на законот, изборите треба да се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Ако не се постигне договор, сите партии знаат дека течат законските рокови и по завршувањето на вонредната состојба, во законскиот рок од 22 дена мора да одиме на избори. Се разбира, секое одолжување е на штета на здравјето на граѓаните, на штета на економијата и на штета на демократијата, а ние вакви штети нема да дозволиме – рече Заев.

Прочитајте и...  Во последното деноноќие од Ковид-19 почина 24-годишно лице

За Мицкоски крајот на август и почетокот на септември се добар период за одржување на изборите од позиција на заштита на здравјето на граѓаните, затоа што бројките говорат дека не сме се справиле успешно со епидемијата.

– Не можете да барате вонредна состојба 30 дена, а од друга страна да барате избори. Не е чесно, не е во духот човештвото и не е во духот на демократијата. Се создава конфузија и одбивност на граѓаните кон политичарите – рече тој.

Заев вели дека ќе направат сè што е потребно за да обезбедат опозицијата да учествува, но нема да дозволат избори наесен.

– Нема да дозволиме да им се наштети на граѓаните ниту на државата преку непотребно одолжување. Предлозите за избори на крајот на август или на почетокот на септември, всушност се предлог воопшто да нема избори. Не постои авторитет што може да гарантира дека тогаш ќе нема ниеден заболен. Наша одговорност е да им се спротивставиме на обидите да се предизвика политичка криза. Не смее никој од нас ниту да проба, а камоли да придонесе да се загрози здравјето на нашиот народ, земјата да се соочи со уставна криза, со ќор-сокак во кој би заглавиле сите процеси и активности што значат заштита на здравјето, спас на работните места и помош во нивниот домашен буџет – категоричен е Заев.

Прочитајте и...  САД разочарани поради промена на статусот на Света Софија во Истанбул

И во вчерашните партиски соопштенија најголемите партии ги повторија нивните упорно повторувани ставови, според владејачката СДСМ дека „изборите се решение, а не проблем“, а според опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека „здравјето е најважно од сѐ“.

Дали 5 јули ќе биде можниот компромисен датум?

Како можен компромисен датум за избори што ќе ги задоволи барањата и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ од вчера во медиумите се спомнува 5 јули, како предлог на ДУИ, односно на владејачката коалиција. Со овој датум ќе бидат овозможени 35 дена за подготовка на изборниот процес и ќе се исполни барањето на ВМРО-ДПМНЕ кои се против избори во јуни. Доколку оваа партија го одбие предлогот, владејачката коалиција ќе оди на избори без опозицијата.

Според извори од ДУИ, Плусинфо објави дека ако се постигне договор, нема потреба од нова лидерска средба за терминот за изборите, затоа што претседателот на Собранието Талат Џафери ќе го поништи решението со кое изборите се распишани на 12 април и ќе донесе ново со датум – 5 јули.

Алсат, пак, објави дека спикерот нема да напише ново, туку ќе го измени и дополни постојното решение со датумот за избори што ќе биде договорен. Тогаш вонредната состојба нема да се продолжува, но датумот на изборите треба да се одреди до 30 мај.

Прочитај повеќе

Мицкоски: Заврши времето на политичари елитисти, ние ќе ги засукаме ракавите и ќе ја обновиме Македонија

Слободен печат

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

Слободен печат

Најмалку две жртви при уривање на зграда во Лагос

Слободен печат

Мандатот на Еулекс продолжен за една година

Слободен печат

Заев: Имаме земја призната од светот, ВМРО-ДПМНЕ може да учи од нас што е патриотизам

Слободен печат

Експлозија на бомба во Авганистан, загинаа шест цивили

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Касами од Тетово: Во наредните четири години ќе се доближиме до ЕУ

Слободен печат

Шахпаска од Велес: На 15 јули одиме напред по патот на напредокот

Слободен печат

ЗНМ, ССНМ и СЕММ ги осудуваат законите упатени кон новинарката Милевска

Слободен печат

Заврши протестот во Нови Сад, во Белград засега мирни демонстрации

Слободен печат

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Слободен печат

ТРАГЕДИЈА: 28-годишно момче се удави во езерото „Младост“

Слободен печат