На Инфективната клиника во Загреб изолиран вирусот на болеста Ковид-19

Хрватска ковид/ Фото EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во загрепската Клиника за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ успеале да го изолираат вирусот Ковид-19, односно го одгледале во лабораториски услови, потврди за ХРТ, директорката на таа клиника Алемка Маркотиќ.

  • Нашата колешка, д-р Жељка Мачак Шафранко, а целиот мој тим, кој сега го води Иван Кристијан Куролт, го изолираше вирусот. Тоа е голема работа во секоја виролошка лабораторија, вели таа, и додава дека е важно да се имаат вируси од сите делови на светот.
  • Вирусот го испративме во Германија кај наш соработник со кој имаме меѓународен проект за истражување на вакцини. Тој еден дел од своите истражувања исто така ќе ги посвети на молекуларната анализа на вирусот, но заедно со некои други вирилози од Германија, Австрија и САД ќе го користи за истражување на лекови и вакцини, појаснува таа.

И во Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ ќе можат да ги прошират своите истражувања и да ги анализираат имунолошките механизми кои се јавуваат на тој вирус, вели Маркотиќ.

Благодарение на тоа што имаат врвна лабораторија и тим, тие пред неколку недели добиле понуда од една американска биотехнолошка компанија да учествуваат во најмодерните истражувања на биолошките терапии по пат на ќелии.

  • Тој модерен пристап би можел да се примени и за лекување на Ковид, додаде Маркотиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот