Фото: илустрација

На гурбетчија му изгорел автомобилот на паркинг од маркет во Тетовско

Иселеник во Германија вчера пријавил во полиција дека околу пладне во тетовското село Боговиње се запалил неговиот автомобил со германски таблички, соопшти МВР.

„На 13.04.2026 во 11:40 часот во Полициското одделение Камењане било пријавено дека во с. Боговиње, во близина на маркет, било опожарено патничко возило „опел инсигнија“ со германски регистарски ознаки, сопственост на Б.Р. (29). Повредени лица нема, а огнот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Боговиње. Увид извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Двајца насилници од Демиркаписко киднапирале момче од Неготино, му се заканувале со пиштол и го тепале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот