На Груевски и понатаму ќе му се суди за „Траекторија”, предметот е вратен во Кривичен

Груевски по правосилноста на пресудата за предметот „Тенк“ избега во Унгарија каде побара и доби азил. / Фото: Слободен печат

Од Апелацискиот суд велат дека по жалбата на Обвинителството донеле одлука дека судијата не можел да донесе вакво решение, туку застареноста на делото се констатира единствено со одбивателна пресуда, поради што предметот се враќа повторно во Основниот кривичен суд Скопје.

Иако судијата од Основниот кривичен суд Скопје, Горан Бошевски пред еден месец констатираше дека делото за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија” е застарено, Апелацискиот суд Скопје го поништи ваквото решение, што значи дека на Груевски и понатаму ќе му се суди за злоупотребите при изградбата на автопатите Штип-Миладиновци и Кичево -Охрид.

Од Апелацискиот суд велат дека по жалбата на Обвинителството донеле одлука дека судијата не можел да донесе вакво решение, туку застареноста на делото се констатира единствено со одбивателна пресуда, поради што предметот се враќа повторно во Основниот кривичен суд Скопје.

Од Апелација додаваат дека одлуката е укината од формални причини.

Од  второстепениот суд информират дека денеска ја одбиле жалбата на поранешниот министер Миле Јанакиески за укинување на неговиот притвор, кој му е определен за случајот „Шпански скали”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот