Фото: Царинска управа

На ГП „Блаце“ спречен шверц на 78 килограми тутун за наргиле

Од Царинската управа информираат дека на граничниот премин Блаце за влез во земјата, цариниците по мала бркотница запреле возило управувано од македонски државјанин кој се обидел да ја избегне царинската проверка, при што во неговото возило пронашле и конфискувале 78 килограми тутун за наргиле, со проценета вредност на пазарот од нешто над 13 илјади евра.

Осомничениот, со цел илегално да ја избегне царинската проверка, одбил да го сопре возилото пред царинскиот службеник и со поголема брзина се упатил кон рампата, со што го оневозможил службеното лице во вршењето на должноста.

При сопирањето, возилото било одбрано за темелна контрола, при што се пронајдени 13 кутии со 312 конзерви, со вкупно 78 килограми тутун за шиша.

„Со ова бил спречен обид за дистрибуција на акцизна стока за која не биле платени давачки во износ од 508,048 денари. Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое по преземените предистражни дејствија поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство,” соопштија од Царинската управа.

Оттаму додадоа дека е поднесена кривична пријава против едно лице до Основно јавно обвинителство заради постоење на сомнеж за извршено кривично дело шверц и попречување на службено лице во извршување на работна задача.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот