На Џонсон му се „здосадило“ од пандемијата, вели негов поранешен помошник

Борис Џонсон - Фотографија ЕПА, Енди Рејн

Поранешниот шеф за комуникации на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, изјави дека на премиерот му се „здосадило“ од ковид пандемијата во 2022 година, додека размислувал за укинување на бесплатни тестови за вирусот, пишува „Политико“.

Гуто Хари, кој му бил помошник на Џонсон во 2022 година, изјави дека тогашниот британски премиер почнал да ја гледа пандемијата како „неважна“, а таквите ставови „јасно ги кажал“ на владините дебати.

Хари тврди дека постоеле неколку недоразбирања меѓу Џонсон и тогашниот британски министер за здравство, Саџид Џавид, кој летото 2022 година поднесе оставка од таа функција.

Според Хари, Џонсон стравувал дека таквите бесплатни тестови можат дополнително да го повредат буџетот на земјата.

„На Џонсон во тоа време му здосади пандемијата. Но, најбитно за него беше луѓето да не умираат. Тој размислуваше како да се избегне дополнителното ширење на вирусот“ изјави Хари.

Лани во февруари, Џонсон објави крај на масовното тестирање против ковид и наместо тоа најави бесплатни тестови за оние кои се најранливи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот