На државата и на бизнисот им се неопходни стабилни институции

Изборите треба да резултираат со стабилна влада, а нивното организирање мора да биде на најсигурен можен начин велат од СКСЗМ.

Честите избори имаат негативен ефект врз економската активност, ги забавуваат движењата, поттикнуваат неизвесност и го насочуваат вниманието кон политиката, наместо кон реалните стопански проблеми. Но, сегашните, предвремени, што треба да се одржат на 15 јули, се со поинаква димензија. Од нив треба да произлезе институционална структура, да се формира новиот Парламент кој ќе биде гарант за демократско функционирање на државата, но и за успешно справување со коронакризата, смета бизнис заедницата во земјава.

Нејзините претставници го поздравуваат постигнатиот партиски договор за датумот на изборите. Нагласуваат дека пандемијата ја разниша довербата и предвидливоста, поради што се неопходни целосно функционални државни органи и институции.

Според Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), изборите треба да резултираат со стабилна влада, а нивното организирање мора да биде на најсигурен можен начин.

И од Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) се децидни дека постигнувањето договор за датумот на изборите е добар сигнал.

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), пак, го повтори ставот – дека секои избори значат нова неизвесност, а во овој период клучно ќе биде справувањето со рецесијата.

-Континуирано го истакнуваме ставот дека секои избори значат нова неизвесност и насочување на вниманието кон политиката, наместо кон реалните економски проблеми. Голем предизвик во периодот кој претстои ќе биде рецесијата и проблемите во сите сектори на стопанството предизвикани од кризата. Изборите секогаш се кочница за економските процеси, дури и кога економските услови не се дополнително отежнати со кризна состојба во каква се наоѓаме, истакнува потпретседателот на ССК, Габриела Кулебанова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот