На анкетната комисија за Кочани нема да дојдат премиерот и министерот за внатрешни работи
Утре на пладне во Собранието ќе заседава анкетната комисија за трагедијата во кочанската дискотека Пулс каде загинаа 63 претежно млади лица, но според информации кои ги објави „Тв 24“ на неа нема да присуствува премиерот Христијан Мицкоски ниту министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Со комисијата претседава пратеникот Димитар Апасиев кој пак апелира утре да не се повтори како што вели, „уште еден институционален срам“.
Препорачано
Седницата мора да се одржи без одлагање празни изговори и политички калкулации . Родителите доаѓаат да го кажат тоа што државата со месеци одбива да го слушне . Од власта и државниот врв се очекува најмалку да се појават и да ги погледнат во очи луѓето кои бараат правда одговорност и промена . Секое негово бегање и саботирање би било уште една навреда за семејствата но и народот како и уште еден чекор кон одржување на системот кој дозволува да се повторуваат трагедиите, изјавил Апасиев за Тв 24.
Родителите на загинатите се поканети. Претседателката Гордана Силјановска Давкова уште нема одговорено дали ќе присуствува. Тошковски го оправдал отсуството со патување во Брисел.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
53мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


