На 56 години почина басистот на познатиот британски бенд „Палп“

Фото: Профимедиа

Музичарот и басист на британскиот бенд „Палп“, Стив Меки, почина на 57-годишна возраст. Веста ја потврди неговата сопруга Кети Гранд, која изјави дека е „здробена и шокирана“.

Членовите на бендот се огласија преку социјалните мрежи.

„Нашиот сакан пријател и басист Стив Меки почина утрово. Нашите мисли се со неговото семејство и саканите“, напишаа во соопштението, објавувајќи и негова фотографија, како шета во природа.
„Оваа фотографија на Стив датира од времето кога со „Палп“ бевме на турнеја во Јужна Америка во 2012. Имавме слободен ден и Стив предложи да се качиме на Андите. Така и направивме“, пишува во објавата на шефилдскиот бенд, кој врвот на својата музичка кариера го достигна во 90-тите.

Причината за смртта на Стив, сѐ уште не е позната, а тој зад себе ги остави синот Марли и сопругата Кејти, која се огласи преку својот инстаграм-профил.

„По три месеци во болница, борејќи се со својата сила и одлучност, шокирани сме и скршени, што се збогувавме од мојот брилијантен, прекрасен сопруг, Стив Меки. Стив почина денеска и нѐ остави мене, синот Марли, родителите Кет и Пол, сестрата Мишел и многу пријатели со скршено срце“, напиша Кејти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STEVE MACKEY (@steve__mackey)

Меки објави кон крајот на минатата година дека нема да им се придружи на „Палп“ за нивното повторно обединување и нова турнеја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот