Фото: Промо

На 29 декември: Филхармонија ќе трепка од новогодишни звуци со Сара Мејс и „Д Грлз“

Последниот месец од годината е секогаш исполнет со желби, еуфорија и споделени моменти кои сплотуваат. Овој декември, празничната сезона и музичката сцена ќе трепкаат од новогодишни звуци.

Македонската пејачка Сара Мејс, заедно со својот вокален квартет, познат во јавноста како „Сара Мејс енд Д Грлз“, во декември ќе ѝ ја донесат на публиката својата новогодишна магија, преку серија од четири концерти во Македонија.

Магичното музичко патување започнува на 21 декември во Битола како дел од манифестацијата „Зимска приказна“, продолжува на 28 декември во Штип во Домот на култура „Ацо Шопов“, на 29 декември следува големиот предновогодишен концерт во Македонската Филхармонија во Скопје, а завршува на 30 декември на плоштадот во Крива Паланка.

Девојките од квартетот, Сара Мејс, Ана Петановска, Калина Велковска – Кали и Теа Богатинова, на сцената ќе бидат придружувани од Божиќниот оркестар, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.

Тие, во пресрет на концертите, неодамна ја објавија својата новата песна „Нека трепка“. Видеото е веќе е достапно на Јутјуб, додека песната може да се слушне на сите дигитални платформи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот