На 17 септември ќе бидат објавени мемоарите на Сноуден

Фото: ЕPA- EFE

Поранешниот соработник на американската Национална агенција за безбедност (НСА) Едвард Сноуден напиша мемоари кои ќе бидат објавени на 17 септември.

Книгата на човекот кој објави доверливи документи на НСА во исто време ќе биде објавена во повеќе од 20 земји во светот, соопшти издавачката куќа Метрополитен букс.

Сноуден во книгата ја опишува својата улога во собирањето податоци од надзор и „кризата на совеста” која го наведе да објави доверливи податоци во 2013 година.

Сноуден во моментов живее во егзил во Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот