МЗТ Скопје со поените на Стојановски во последната секунда го совлада Работнички

фото: КК МЗТ Скопје

Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје со 92:90 го совлада најголемиот ривал, Работнички во дербито од 16. коло кое се играше пред празни трибини како превенција од коронавирусот.

„Металците“ до победата дојдоа благодарение на Дамјан Стојановски кој победничките поени ги постигна на една секунда до крајот на наптреварот.

Кошаркарите на МЗТ Скопје беа во негатива во најголем дел од натпреварот, но кога беше најпотребно, во финишот од натпреварот, го покажаа шампионскиот карактер. Тие негативата од пет поени (81:86) на средина од последната четвртина, ја анулираа благодарение на серијата од 9:2 и во последните 30 секунди од средбата влегоа со предност од 90:88.

Ерик Питс со поените на пет секунди до крајот, на Работнички му донесе израмнување. Во последниот напад одговорноста ја презеде Дамјан Стојановски кој на една секунда до крајот постигна поени за голема победа.

Токму Стојановски беше најпрецизен во тимот на МЗТ Скопје со 23 постигнати поени, додека Ерон Харис даде 12 поени. Во редовите на Работнички, Питс беше најпрецизен со 21 поен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот