МЗТ Скопје прв финалист во Купот на Македонија, ќе се бори за десеттиот трофеј

фото. КФСМ

Кошаркарите на МЗТ Скопје се првиот финалист во Купот на Македонија кој од годинава го носи името на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур. Металците во првото полуфинале од Купот го совладаа тимот на Навико Академија ФМП со 92:72. МЗТ Скопје утре (17 часот) ќе се обиде да дојде до јубилејниот 10 трофеј во Купот во своето 14 финале.

Кошаркарите на Навико Академија ФПМ подобро го отворија натпреварот, а во главната улога беше Крстајиќ кој постигна пет поени и по четири минути игра „металците“ губеа со 7:2. Сепак, како поминуваа минутите така и кошаркарите на МЗТ Скопје влегуваа во ритам и благодарение на петте поени по ред на Гравет во седмата минута за прв пат дојдоа до израмнување (13:13). Во финишот од првата четвртина благодарение на тројката на Андреј Магдевски, МЗТ дојде и до првото водство на натпреварот од 16:18, резултат со кој заврши првата четвртина.

Кошаркарите на МЗТ Скопје фуриозно ја отворија втората четвртина, благодарение на одличната игра во одбраната, лесно доаѓаа до поени и за само три минути направија серија од 8:0 за водство до 26:18 и го натераа тренерот на Навико Академија ФМП, Александар Петровиќ, да побара тајм аут.
Во втората четвртина брилјираше центарот на МЗТ Скопје, Бојиќ кој постигна 12 поени и благодарение на него „металците“ ја одржуваа предноста и на одмор заминаа со двоцифрена предност (29:39).

Стартот на второто полувреме беше сличен на стартот на натпреварот, со тоа што овој пат МЗТ Скопје подобро го отвори вториот дел. Го оствари противникот три минути без постигнати поени, и предноста ја зголеми на 15 поени (44:29).
Кошаркарите на Навико Академија ФМП не можеа да го најдат ритамот од првиот дел, направија премногу во нападот и тоа се одрази на резултатот. За пет минути игра постигнаа само три поени, а во 27 минута МЗТ Скопје по тројката на Николов дојде до дури 21 поен предност (56:35) и практично ги реши дилемите околу победникот.
Во последната четвртина кошаркарите на тренерот Дарко Радуловиќ рутински ја одржуваа предноста.
Андрија Бојиќ со 18 поени, Олуџоби со 14 и Крстервски, Николов и Карачиќ со по 11 поени беа најзабележителни кај финалистот, додека Крстајиќ со 29 и Харис со 13 поени беа најдобри кај Навико Академија ФМП.
Во утрешното финале, МЗТ Скопје ќе игра со подобриот од второто полуфинале во кое играат Работнички и Еуро Никел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот