МЗТ Скопје поразен од најголемиот ривал за опстанок во АБА лигата

Фото: AdmiralBet ABA League/ Twitter

МЗТ Скопје денес на домашен терен во Аеродром не успеа да се справи со главниот ривал во борбата за опстанок, Борац од Скопје си заминува со победа од 73:81.

Избраниците на Александар Петровиќ имаа слаб старт, па Борац брзо дојде до двоцифрена разлика, прво водеа со 8:20, а потоа и со 11:23. На истекот на првата четвртина МЗТ се врати на минус седум (19:26).

Не го променија гостите темпото ниту во следната четвртина, стигнаа и до највисоки 27:42. МЗТ не можеше да фати ритам и на полувреме губеше со 15 поени разлика (35:50).

Второто полувреме донесе нешто подобра игра на македонскиот претставник, со кратки серии МЗТ ја намалуваше предноста,  па така дојде и до негатива од само два поени (62:64). Сепак, тука следуваше серија на гостите од 11:0 и од тој момент МЗТ не се врати во натпреварот, па мораше да се помири со осмиот пораз во АБА лигата. Мицовиќ со 14 поени, Дамјан со 13 поени и Војдан со 11 поени единствените кошаркари со двоцифрена бројка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот