МЗТ против Мега ја прекинува лошата серија на резултати во АБА лигата

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ/фото: MZT Skopje Aerodrom/Danail Petrovic

МЗТ Скопје Аеродром ги загуби претходните три натпревари во регионалното натпреварување, а денеска од 21.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ има за цел да ја прекине низата на порази.

Нов ривал на играчите на Александар Петровиќ е српскиот состав на Мега, македонскиот шампион во изминатиот период се раздели со Еван Максвел и Андреј Магдевски, а ново засилување е Александар Бурсаќ.

Од друга страна Мега доаѓа во главниот град во добра форма, остварувајќи триумф на последните две средби. Најпрвин на домашен терен го совладаа Дерби, а беа подобри на гостувањето кај Морнар и сега сакаат да продолжи победничката серија.

До сега пет пати се сретнаа МЗТ и Мега во Скопје, во три натпревари подобри беа „металците“.

Александар Петровиќ, тренер на МЗТ Скопје Аеродром:

– Пред нас е исклучително важен натпревар, од кој во многу ни зависи продолжението од сезоната. Играме против најмладиот тим во лигата, чие најсилно оружје е трчањето, енергијата и скокот. Ќе го потенцирам Драган Милосављевиќ, кој со своето искуство ги врза конците во тимот на Мега МИС. Добро го знаеме противникот, кои се нивните добри, но и полоши страни, кои ќе се обидеме да ги искористиме. Рецептот е да одговориме со добра енергија и квалитетен скок и ако го сториме тоа ќе може да дојдеме до посакуваната победа. Секако, за ова ќе ни треба голема поддршка од трибините, поради што ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број и повторно да бидат наш шести играч.

Мајк Кефи, играч на МЗТ Скопје Аеродром:

– Играњето пред домашната публика секогаш носи дополнителен предизвик и мотив да го дадеме својот максимум за да ги израдуваме навивачите со добра игра и победа. Против себе имаме млад и брз состав, што значи дека ќе мора да одговориме на нивната полетност и енергија. Ако дадеме сè од себе и одговориме на барањата на тренерот, сигурен сум дека ќе бидеме блиску до посакуваната цел, а тоа е триумф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот