МЗТ поразен и од Борац, опстанокот во АБА лигата се подалеку

Македонскиот шампион МЗТ Скопје вечерва претрпе уште еден пораз од директниот конкурент за опстанок во АБА лигата, тимот на Борац од Чачак кој славеше со 105:84.
Кошаркарите на МЗТ го отворија натпреварот со мини серија од 0:5, но се покажа дека тоа беа и најдобрите минути на македонскиот тим во овој натпревар. Се држеа избраниците на Николиќ се до завршницата од првата четвртина кога Борац започна да создава посериозна разлика, па по првите 10 минути резултатот гласеше 29:19 во корист на домаќините.
Од тој момент МЗТ ниту еднаш не се врати посериозно резултатсаки во натпреварот. На паузата Борац имаше убедливи 57:35. Во преостанатите две четвртини домаќините само ја одржуваа стекната разлика, а МЗТ никако не успеваше да влезе во некоја серија за да се врати на натпреварот.
Кук со 20 поени и шест скока беше најефикасен кај составот од „Јане Сандански“, Страхиња Миќовиќ додаде 18 поени со шест скока, додека Војдан Стојановски постигна 13 поени. Со 22 поени Хантер Хејл беше најефикасниот кај Борац.
По овој пораз МЗТ останува последен на табелата со само четири победи и 19 порази, Борац е на шест победи и 17 порази, но има и предност во меѓусебните дуели, па така на аеродромци сега потребно им е чудо во завршницата за опстанок во АБА лигата.