МЗТ ќе ја почне одбраната на титулата од првата стартна позиција

Фото: МЗТ

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром беа сигурни на гостувањето кај Навико Академија ФМП (105:67), а пoдобриот скор против Работничи ги остава на првото место во Првата македонска лига.

Неизвесен финиш имаше регуларниот дел од сезоната во шампионатот. Двата наши најтрофејни колективи, МЗТ и Работнички водеа битка до последното коло.

И двете екипи победија и во финалното, 22 коло од регуларниот дел, МЗТ беше подобар од Навико Академија ФМП, Работнички пак поуспешен од Гостивар. А на крајот, пресуди подобриот кош-количник кој го имаат популарните „металци“ во меѓусебниот однос на нивниот најголем ривал низ историјата.

Баковиќ со 19 поени го водеше МЗТ до триумфот, а два помалку запиша Робев. На спротивната страна кај Навико Академија ФМП, Робертс постигна 25 поени, Петровски додаде 13.

ПРВА ЛИГА, 22 КОЛО

Работнички – Гостивар 104:84
Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром 67:105

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 40 бодови, Работнички 40, Пелистер 36 (-1), Чаир 2030 35 (-1), Еуро Никел 2005 34 (-1), ТФТ Mоцарт 33 (-1), Феникс 2010 32 (-1), Гостивар 30, Кожув 26 (-1), Охрид 25 (-1), Навико Академија ФМП 26, Вардар 24 (-1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот