МЗШВ објави повик за техничка поддршка на саеми за промоција на производи

На јавниот повик можат да конкурираат единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, стопански комори, земјоделски задруги.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави јавниот повик за користење на техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој за организирање и спроведување на локални манифестации/саеми за промоција на земјоделски производи во Република Северна Македонија.

На јавниот повик можат да конкурираат единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, стопански комори, земјоделски задруги, со доставување на предлог за користење на техничката поддршка до Министерството.

Максималниот износ на техничката поддршка не може да надмине 120.000 денари по манифестација и по корисник. За реализација на добиената техничка поддршка, корисниците треба да спроведат постапка за јавна набавка согласно прописите за јавните набавки, а во рок од десет дена по завршување на манифестацијата/саемот треба да достават извештај за реализираната активност до Министерството.

Исплатата на техничката поддршка се врши по потпишување на договорот во износ од 100% од одобрената сума, но не повеќе од максималниот износ и во согласност со одобрените средства во програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Рокот за поднесување на потребната документација со предлозите е до 28.02.2020 година, и истите треда да се достават до архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, со назнака за Сектор за рурален развој.

Локалните манифестаци и саеми се важни за промоција на македонските земјоделски производи и размена на искуства во делот на земјоделското производство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот