МВР продолжува со истрага за утврдување на ИП адресите за нападот на веб станицата на ДИК

Во текот на истрагата, соопшти денеска МВР, биле обезбедени податоци и логови за функционирањето на системот и делови од системот за поддршка на изборниот процес во Државната изборна комисија.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во МВР доставил известување до Основно Јавно Обвинителство – Скопје во кое се образложени сите мерки и активности преземени за расчистување на случајот пријавен од страна на Државната изборна комисија во врска со нефункционирањето на нивната веб страницата на денот, односно при крајот на изборниот процес.

Во текот на истрагата, соопшти денеска МВР, биле обезбедени податоци и логови за функционирањето на системот и делови од системот за поддршка на изборниот процес во Државната изборна комисија.

– Податоците беа обезбедени од повеќе институции и компании кои беа вклучени во изборниот процес. Од доставената пријава и анализата на податоците се констатираше дека при крајот на изборниот процес, а особено во текот на објавувањето на прелиминарните резултати бил регистриран DDoS напад кој што бил насочен на страната https://www.sec.mk/ и кој влијаел на оневозможувањето на публикувањето на резултатите од апликацијата на дедицираниот сервер за објавување на прелиминарните резултати, стои во соопштението од МВР.

Дополнително при анализата на податоците добиени од фирмата „ДУНА КОМПЈУТЕРИ”, а се однесуваат на податоци и датотеки извадени од серверите (дата бази и логови од системите) за понатамошна анализа за можни проблеми со функционалноста на истите, се појаснува во соопштението од МВР, не е утвредено нефункционирање на системите или застој во процесот на безбедносната афтентикација на корисниците за прием и внес на резултатите од изборните комисии.

Секторот за Компјутерски криминал и дигитална форензика во соработка со Јавното обвинителство, се посочува во соопштението од МВР, ги користи сите механизми за меѓународна соработка со интернет сервис провајдери кои се надвор од наша јурисдикција, со цел добивање на податоци за корисниците на нивните сервиси.

– Истрагата за овој случај продолжува во насока на утврдување на ИП адресите од каде што е пристигнат нападот, собирање на дополнителни информации за утврдување на нарачателот на овој напад како и утврдување дали имало други причини кои влијаеле или се поврзани со неможноста на објавувањето на прелиминарните резултати, се вели во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот