МВР поднесе кривична пријава против Маја Лозановска – директорката на демирхисарската гимназија
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Маја Лозановска, директорката на демирисарската гимназија „Крсте Петков Мисирков поради сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ.
Препорачано
Според пријавата на МВР, Маре Лозановска противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка Ј.Д. (43), назначена за в.д. директор на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар со одлука од страна на општина Демир Хисар од 05.08.2025.
Случајот со директорката на демирхисарската гимназија одекна во јавноста пред шест дена, кога инспектори од МВР со судска наредба ја претресувале нејзината куќа додека таа лежела во кревет со висок крвен притисок и користела боледување.
Иако при претресот, медицинска екипа ја потврдија лошата здравствена состојба на директорката, сепак инспекторот на ОВР Демир Хисар барале Лозановска да дојде во станица на носилки и со возило на итната помош на информативен разговор иако ОЈО Битола нема издадено наредба за приведување или итен распит на лицето во конкретниот случај.
Откако случајот одекна во јавноста, надлежните го суспендираа началникот на ОВР Демир Хисар.


