МВР: Никој не пријавил измама со шемата Конти или со која било друга

Според информациите во јавноста и процените на експертите во пирамидалната шема Конти каде што влегоа 14.000 граѓани, се свртеле 15 милиони евра, од кои што 10 милиони евра некои загубиле, а 5 милиони евра добиле.

Се множат шемите со пирамидалните измами преку интернет. По Конти која особено привлече внимание, се јави Грок, но според упатените во моментов кружат и други измами под истото клише. Податоците што се изнесуваат во јавноста се дека станува збор за илјадници наши сограѓани, кои учествувале во ваквите шеми и кои заеднички изгубиле милионска сума, но според изјавата што ја доби „Слободен печат“ од МВР, измама не пријавил никој?!

– Во однос на апликацијата за вложување на криптовалути „Конти“, како и сите други дискутабилни или малициозни платформи за вложување, Секторот за компјутерски криминал ве известува дека постапува исклучително според уредно доставени пријави во координација со Основното јавно обвинителство Скопје. Досега нема доставено пријави до Секторот за компјутерски криминал во врска со апликацијата за вложување на криптовалути „Конти“ – одговорија на нашето прашање дали каква било измама е пријавена и за колкава штета е направена.

Според информациите во јавноста и процените на експертите во пирамидалната шема Конти каде што влегоа 14.000 граѓани, се свртеле 15 милиони евра, од кои што 10 милиони евра некои загубиле, а 5 милиони евра добиле.

Експертите објаснуваат дека за да привлечат заинтересирани, креаторите на овие шеми смислуваат нешто дека треба да се прави.

– Не постои поддршка на филмска индустрија, ниту поддршка на вештачка интелигенција – сè се тоа различни приказни за пирамидални шеми во кои малкумина ќе профитираат на грбот на многумина кои си ги губат парите – изјави Душко Гошевски, адвокат и експерт за криптовалути во разговорот за емисијата „Слободен печат“.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ| Гошевски: Пирамидалните шеми секогаш имаат некоја приказна зад себе, кликањата се измама

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот